Акредитација
РЖ Техничка контрола е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Со Сертификатот за акредитација се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2018.
Акредитацијата ги опфаќа следниве дејности:
- Тестирање на механички карактеристики на метали
- Радиографска и ултразвучна контрола на заварени споеви
- Хемиски состав на метали
- Физичко-хемиски карактеристики на цврсти горива
- Хемиски состав на почви, вештачки ѓубрива и органски ѓубрива
- Тестирање на атмосферска (површинска), технолошка и отпадна вода
Системот за управување со квалитет, воведен и имплементиран во РЖ Техничка контрола, е базиран на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. Целта на менаџментот е да се примени овој Систем за квалитет за континуирано подобрување на прецизноста и брзината на механичките и хемиските анализи на металите.
РЖ Техничка контрола е сертифицирана според ISO 9001:2015 Стандарди за управување со квалитетот од Certification Body TÜV NORD CERT GmbH, ISO 14001 Систем за заштита на животна средина, ISO 45001 Систем за управување со безбедност и здравје. Исто така, сертифицирана е како Препознатлива Лабораторија од Bureau Veritas, Croatian Register of Shipping.